Женската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра вториот натпревар во Б дивизијата на Европското првенство за кошаркарки до 18 години што се одржува во Софија.

По стартниот убедлив пораз од Холанѓанките со 21 поен разлика, нашите јуниорки во натпревари од 2.коло на Б групата вечерва играат со селекцијата на Исланд.

Ако се земат во предвид двата досегашни одиграни натпревари, во кои Исланд во првата рунда беше подобар од Данска со три разлика, а вчера ја надигра Холандија со 31 разлика, јасно е дека избраничките на селекторката Јелена Антиќ ги чека тешка задача, во дуелот со селекцијата која важи за фаворит.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд започнува од 19.30 часот, а можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.