Јуниорската репрезентација на Македонија за кошаркарки до 18 години со пораз од Холандија го започна настапот на Европското првенство.

Во првиот натпревар од Б дивизијата на шампионатот што се одржува во Софија, Македонија загуби од Холандија со 64-43.

Нашите јуниорки беа рамноправни во првата четвртина се до последната минута кога резултатот беше израмнет (10-10), по што следуваше серијата на Холанѓанките кои го добија воведниот период со 15-10. И во вториот противничките беа подобри (11-9), па на полувремето заминаа со со седум поени предност (26-19).

И во второто полувреме, противничките само ја зголемуваа предноста, за на крајот да слават со убедливи 21 поен разлика (64-43). 

Во нашата репрезентација, само Марија Николов имаше двоцифрен број на постигнати поени 11. Клементина Модева средбата ја заврши со 8, а Милица Николиќ постигна 7.

Нашите јуниорки утре имаат слободен ден, а во недела од 19.30 часот ќе го играат вториот натпревар, против Исланд.

Сите актуелности, поврзани со македонската репрезентација може да ги СЛЕДИТЕ ОВДЕ