Американскиот кошаркар со српски пасош, Кевин Пантер и следната сезона ќе го носи дресот на Партизан, објавија од клубот.
Со ова се стави крај на шпекулациите дека одличниот шутер претходните денови се сели во Реал Мадрид, Барселона и Панатинаикос кои имаа понуди до капитенот на црно-белите.
Минатата сезона Пантер беше еден од најдобрите кошаркари на Партизан, со а 32.поени во петтиот решавачки натпревар од финалето на серијата АБА лигата против Црвена Звезда, заслужено го понесе признанието МВП на финалето
Актуелниот капитен на Партизан им се приклучи на црно-белите пред две години, прво се појави со тимот во Еврокупот, а потоа во вистинска смисла на зборот блесна во Евролигата. Пантер треба да биде лидер и следната сезона на тимот предводен од Жељко Обрадовиќ.