Кошаркарките на Шпанија се првите финалистки на Европското првенство чија завршница се игра во Љубљана.
Шпанските кошаркарки во поривот полуфинален натпревар беа подобри од Унгарија со 69-60.
Од самиот почеток па се до крајот шпанските кошаркари го контролираа натпреварот и резултатот, а имаа и највисоки 16 поени предност.
Унгарките во финишот се доближија, на 60-55, но тогаш на сцена стапи искусната Алба Торенс која со кошот на 90 секунди до крајот ги откажа противничките од намерата. Торес ја покажа својата класа и со неверојатен 27 поени, од кои 5 тројки, ја однесе Шпанија до победата.
За „црвената фурија“ тоа ќе биде четврто финале на последните чест европски шампионати, а кој ќе биде противник на Шпанија во утрешното ќе дознаеме вечерва откако Франција и Белгија ќе го одиграат својот полуфинален натпревар.