Македонската репрезентација го загуби првиот меч во финалето од Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот што се игра во Скопје. Ерменија поведе со 1:0 откако Ирена Мурадјан го доби маратонскиот прв меч против Магдалена Стоилковска со 2-1 во сетови (6-4, 4-6 и 6-0)за 2 часа и 24 минути игра.
Првиот сет почна со водство од 2:0 за Мурадјан, но Стоилковска се врати веднаш и изедначи на 2:2. Но, противничката повторно воспостави контрола и поведе со 5:2 во гемови што се покажа како решавачко, бидејќи сетот со 6:4.
И вториот сет почна со одство на тенисерката од Ерменија. По 3:0 за Мурадјан, Стоилковска го освои првиот гем, а веднаш потоа резултатот беше 4:3 за Ерменката. И тогаш почна пресвртот во играта на Стоилковска која воспостави контрола над играта и ги диктираше поените, тоа донесе и резултатски пресврт и по серијата од пет гема за македонската тенисерка сетот заврши со 6:4 и Македонија изедначи на 1:1. Во текот на сетот Мурадјан побара медицински тајм аут, а по по завршувањето на сетот и пауза за тоалет.
На почетокот на решавачкиот сет се водеше голема борба во првите два гема кои ги доби Ерменката и поведе со 2:0. Првиот гем се играше 10 поени, а вториот 12 и во продолжението на мечот Мурадјан ја врати играта од првиот сет и го финишираше сетот со 6:0 и водство на Ерменија од 1:0.
Во вториот сингл меч ќе играат Лина Ѓорческа и Марина Давтјан.