Пуленот на легендарниот Валентино Роси, Марко Безеки утре ќе стартува од пол-позицијата на осмата трка од Мото ГП шампионатот што овој викенд се вози во Асен, Холандија.

Италијанецот беше најбрз во квалификациите со време од 1:31:472 секунди пред својот сонародник Пеко Бањаја од Дукати кој имаше за 0:061 секунди послабо време.

Доминацијата на италијанските мотоциклисти ја потврди и Лука Марини, клупскиот колега на Безеки кој квалификациите ги заврши на третото место.

Во најдобрите десет се пласираа и Квартараро, Биндер, Еспаргаро, Вињалес, Зарко, Алекс Маркез и Хорхе Мартин.

Повторно разочара Марк Маркез од Хонда кој одново имаше пад и не ги заврши квалификациите.

Денеска во Асен се вози и спринт кој е закажан за 15 часот, а трката е утре од 14.часот.

Томислав Атанасовски