Со триумфот на Роланд Гарос, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по без малку еден месец повторно се враќа на првата позиција на АТП листата.
Ѓоковиќ вчера во големото финале на во Париз, славеше со 3-0 над Норвежанецот, Каспер Руд сш што ги освои потребните бодови кои го вратија на врвот.
Сега Ноле кој стана најтрофејниот тенисер кога во прашање се турнирите од Гренд слем серијата со 23 трофеи, за започна 388-та недела на првото место на АТО листата.
Ѓоковиќ освои 1.640 нови поени и моментално има 7.595, додека на второто место е Карлос Алкараз со 7.175, а овие двајца тенисери ќе бидат и главните фаворити на Вимблдон, што започнува на 7 јуни.
На најновата АТП листа, објавена денеска, зад двајцата се Данил Медведев, Каспер Руд, Стефанос Циципас, Холгер Руне, Андреј Рублев, Тејлор Фриц, Јаник Синер и Карен Качанов.