Карлос Алкараз или Новак Ѓоковиќ, само за еден од нив има место во финалето на Гренд слемот во Париз.
Двајцата најдобри тенисери во светов во моментов ќе играат во полуфиналето на Роланд Гарос. Младиот Шпанец во моментов е на првата, а искусниот Србин на третата позиција на АТП листата, па затоа со право овој меч е најавен како финале пред финалето.
Тие минатата година играа во полуфиналето на АТП турнирот во Мадрид, во кој Алкараз излезе како победник со 2:1 во сетови (7:6, 5:7, 7:6). Сепак јасно му е на младиот Шпанец дека овој дуел во Париз ќе биде различен од претходниот во Мадрид.
„Двајцата играме на високо ниво и би рекол дека сите го очекуваа овој натпревар од моментот на објавување на ждрепката, како и јас. Навистина го посакував тој меч со Новак по нашата пресметка во Мадрид минатата година. Помина една година и сигурно следниот меч ќе биде поинаков од претходниот.
Со нетрпение очекувам да се сретнам со таква легенда и ова ќе биде историска можност за мене“, изјави Алкараз.
Играњето против Новак на Грен слем турнир е остварување на сонот за секој тенисер, особено за младиот Алкараз.
„ Искрено, за мене е неверојатно да играм полуфинале против Новак, гледав милион негови натпревари, титули што ги освои, се сеќавам на многу натпревари меѓу Рафа и Новак во полуфинале, финале, сега сум тука против такви играч, за мене тоа е остварување на сонот и нешто за што фантазирав. Играм против еден од најдобрите во историјата на тенисот. Ова е негово 45-то Грен слем полуфинале и мислам дека тоа кажува се. Момци, тоа е Новак Ѓоковиќ. Тој игра фантастичен тенис, враќа сè, тој е како ѕид“, потенцира Карлос.
Дуелот за влез во финалето меѓу Алказар и Ѓоковиќ ќе се игра во петок.