Кадетските екипи на Бадел и Вардар ќе играат во финалето на плеј-офот на завршниот турнир за кошаркарки до 16 години што се одржува во СЦ „Кале“ во Скопје.

Ова откако двете екипи беа подобри од нивните врснички од Струга и МЗТ Скопје Аеродром .

Двата тима забележаа убедливи победи и тоа Бадел со 30 разлика го победи составот на Струга со 56:26, додека Вардар со 38 разлика (92:54), славеа во дуелот против МЗТ Скопје Аеродром.

Така во големото финале закажано за 19.30 часот, Бадел и Вардар ќе се борат за шампионскиот трофеј, а во дуелот за 3-тото место што ќе почне од 17 часот, за бронзата ќе играат МЗТ Скопје и Аеродром. 

ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА – ЖЕНИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Бaдел – Струга 56:26
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 92:54
НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН (денеска)
17.00 за 3-место – Струга 2009– МЗТ Скопје Аеродром
19.30 ФИНАЛЕ    –  Бaдел 1862 – Вардар
Натпреварите се играат во салата „Кале“ во Скопје