Екипата на Бадел 1862 од Скопје ја има најдобрата женска екипа во најмладата конкуренција. Баделки ја освоија шампионската титула на завршниот фајнал-фор турнир за кошаркарки до 14 години, што се одржа во Крива Паланка, каде во финалето ја совладаа екипата на Тим Арена од Штип.
Избраничките на тренерот Дарко Димитријевиќ го потврди својот својот квалитет, и на убедлив начин стигнаа до златниот медал и шампионскиот трофеј.
Откако во полуфиналето ги победија врсничките од Вардар со 17 поени разлика (68:51), во финалето Баделки славеа над Тим Арена со 19 разлика (55:36). Најефикасна во шампионската екипа беше Панкова со 22 поени, додека Сарафилоска постигна 14, а Димитријевиќ 10 поени.
Ана Сарафилоска од Бадел го понесе признанието на најдобра кошаркарска на завршниот турнир.
Во дуелот за 3-тото место, младите кошаркарки на Вардар беа убедливо подобар од домаќинот Крива Паланка со 83:55 и го освоија бронзениот медал.