Љубители на одбојката имаат уште една можност да уживаат во двојна програма на квалитетни натпревари што ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Денешната двојна понуда ќе ја започнат одбојкарките. Женската македонска селекција ќе го игра третиот натпревар од Европската Сребрена лига.
Во своето деби нашите одбојкарки претрпеа два порази од Австрија и Летонија. Сега на ред е топ фаворитот за највисок пласман во нашата група селекцијата на Естонија.
Естонките кои ќе играат на претстојното Европско првенство чии коорганизатори се, досега во Сребрена лига покажа дека е атрактивна за гледање, забележувајќи две убедливи победи.
Но, тоа сигурно нема да ги обесхрабри напите одбојкарки, па доколку ја повторат играта од првиот сер против Летонија пред четири дена, тогаш може да се надеваме и на првиот освоен сет.
Нетреба да заборавиме дека по долгогодишна апстиненција од европската сцена, оваа генерација на македонски одбојкарки сепак покажа дека има потенцијал во себе, па затоа им е потребна и голема поддршка од трибините.
Влезот во арената е слободен, а почетокот на мечот е во 17 часот и 30 минути.