По двете големи изненадувања што се случија денеска, елиминациите на Рубљев и Фоњини, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не дозволи нова на вториот Гренд-слем годинава Роланд Гарос.
Ѓоковиќ кој е трет носител на турнирот во Париз во три сета го победи Шпанецот, Алехандро Двидович-Фокина.
Иако славеше со 3:0 сепак Ѓоковиќ одигра тежок меч што траеше 3 часа и 36 минути.
Првите два беа што траеја по час и 25 минути беа решени во тај-брејкот со 7-4 и 7-5 на поени, додека во третиот Ѓоковиќ беше далеку поуспешен и го реши во своја полза со 6-2 во гемови.
Во следната осминафинална рунда, Ѓоковиќ за противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Хуберт Хуркач (13-носител) и Перуанецот, Хуан Пабло Вариљас.