Женската јуниорска репрезентација, предводена од селекторот Јелена Антиќ, денеска ги започна подготовките за Европското првенство.
Нешто повеќе од 30 дена избраничките на Антиќ, која минатата недела го објави поширокиот список, ќе тренираат во главниот град, а ќе одиграат и неколку пријателски натпревари.
Јуниорките ќе земат учество на Б дивизија на Европското првенство за кошаркарки до 18 години односно родени 2005 година и помлади, што ќе се одржи во Софија, од 30 јуни до 9 јули.
Младите македонски кошаркарки ќе играат во А групата во која за противнички ќе ги имаат врсничките од: Хрватска, Холандија, Данска и Исланд.