По подолг период љубителите на тенисот ќе имаат можност на дело во Скопје да го гледаат најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски кој денеска го оствари својот најдобар ранкинг на АТП листата.
Калин биде нашиот единствен претставник на турнирот, откако претпладнево Обрад Марковски не успеа да се квалификува во главната рунда.
„Пресреќен сум што ќе играм на еден ваков силен турнир овде во Скопје. Ќе дадам се од себе за што подобар резултат.
Знам голем број од учесниците. Апелирам до љубителите на тенисот во што поголем број да дојдат и да ми дадат поддршка.
Играњето пред домашната публика е мотив плус за подобар резултат“,
изјави Ивановски.
Калин ги повика македонските навивачи да му дадат поддршка во обидот за што подобар пласман, па дури и освојување на турнирот.
Прва „пречка“ ќе му биде неговиот спаринг партнер Дино Призмиќ од Хрватска со кого одлично се познаваат, а ќе играат утре во првото коло.
Влезот за сите мечеви на турнирот е бесплатен.