Мајами „Хит” пред домашните „фанови“ обезбеди 3-0 во серијата против Бостон „Селтикс”. Со победа од 128:102, Мајами како и Денвер се на врата до големото НБА финале.
Првата четвртина беше прилично израмнета се дури Мајами не залета до една серија од 11:0 со која се оддалечија на +10 од Бостон. На почетокот на вториот дел Бостон проба да се стегне, но не успеаја да вратат. Мајами само ги полнеше кошевите на Бостон, и за момент имаа предност од 22 поени (59-37). На полувреме Бостон успеа да скрати до минус 15.
Во 3-та четвртина Мајами го стави крајот на Бостон. Предноста беше и огромни 33 поени разлика за „Жешките” (89-56), а во четвртата четвртина се влезе со предност на Мајами од 30 поени (93-63). Бостон кога веќе беше завршено одигра најдобро, дури ја доби последната четвртина но сепак беше предоцна бидејќи „жешките” од Мајами веќе ја славеа третата победа.
Со 29 поени Гејб Винсент беше главен во Мајами, додека Батлер имаше 18 поени. Слика за тоа колку беа лоши Бостон беше нивниот Џејсон Тејтум кој имаше учинок од 14 поени.
Следниот натпревар се игра ноќта во среда.
Андреј Велјаноски