Екипата на Денвер поведе со 1:0 во победи во против ЛА Лејкерс, финалето од плеј-офот на Западната конференција. Ова откако предводени од Никола Јокиќ кој оствари трипл-дабл „Нагетси“ слава на домашен терен со 132:126.
Иако во текот на речиси целиот натпревар домашниот тим го контролираше резултатот и имаше и над 20 поени предност сепак во финишот гостите од ЛА се погрижија да има вистинска драма. Но, иако ја имаше главната улога најдобриот играч на „Езерџиите“ Леброн Џејмс беше „трагичарот“ најнапред промашувајќи тројка за израмнување, а потоа загуби и топка во дуелот со Јокиќ.
Србинот пак одигра уште еден брилијантен натпревар кој го заокружи со својот шесто трипл-дабл во плејофот сезонава. На 34-те поени Јокиќ додаде 21 скок и 14 асистенции, и заедно со Џамал Мареј кој постигна 31 поен беа најзаслужните за победата на Денвер.
На спротивната страна кај Лејкерси, одличен настап имаше и Ентони Дејвис кој натпреварот го заврши со 40 поени и 10 скокови, додека на Леброн Џејмс му недостасуваше едена асистенција да оствари трип-дабл, односно на 26-те поени додаде 12 скокови и 9 асистенции.
И следниот натпревар закажан за петок наутро (02.30 часот) ќе се игра во Денвер, а вечерва (02.30 часот) во Бостон стартува финалето на истокот во кое „Селтикс“ за противник го имаат тимот на Мајами Хит.