Во вториот полуфинален дуел од Лигата на шампионите меѓу Милан и Интер, „нероаѕурите“ повторно беа поуспешен противник и со 1:0 ги совладаа тимот на Пиоли. Единствениот погодок го постигна Лаутаро Мартинез, кој ја доби и наградата за најдобар играч на натпреварот.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли во прес-конференцијата по натпреварот истакна дека оваа е една млада екипа која не треба да биде негативно осудувана.

„Доколку го погледнете фактот дека лани бевме најмладата екипа што ја освоивме титулата во Италија, патот на оваа екипа не може да биде негативно осудуван. Имавме одлична сезона во Лигата на шампионите, но нормално е да сме разочарани по поразот во полуфиналето и тоа од Интер. Се надевавме дека ќе стигнеме до големото финале. Јас сум многу разочаран што не го постигнавме тоа, но среќен сум што многу научивме од оваа сезона“, вели разочараниот Пиоли.

Интер во финалето ќе го чека подобриот од вечерашниот дуел меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити со почеток од 21:00 часот.