Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине четвртфиналната пречка на фјучрсот во Загреб што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа по два дена конечно го одигра четвртфиналниот меч со Германката Ела Сеидел, откако дождот правеше проблеми на распоредот, па организаторот беше приморан мечевите наместо на отворено да ги игра во сала.
Ѓорческа ги загуби двата сета со 6:3 и 6:4 во гемови за 83 минути игра.
Македонската тенисерка следната недела е пријавена за настап на турнирот во Куршумлијска Бања во Србија.