Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа го прослави својот 19.ти роденден. Тој денеска во мечот од второто коло на фјучрсот во Куршмлијска Бања го победи шестиот носител Тимо Лежу од Франција со 2-1 во сетови (2:6; 6:1 и 6:0). Мечот траеше 1 час и 47 минути.
Ивановски повторно исто како и вчера имаше слаб старт на мечот и го загуби првиот сет, кој му припадна на противникот со 6:2 во гемови. Лежу поведе со 5:0, но Ивановски направи брејк што беше најава дека македоскиот тенисер е подготвен за добра игра. Во следните два сета Ивановски освои 12 гема, а противникот само еден и во решавачкиот сет беше 6:0 за македонскиот тенисер или 28:12 во поени.
Утре во четвртфиналето Ивановски ќе игра против Хади Хабиб од Либан (531.место на АТП листата), кој со 2:0 во сетови (6:2 и 7:5) го победи вториот носител Ерхар Мати од Франција.
Ивановски во мечот од двојки со Олекандр Овчаренко и победија Хабиб и Узиловски со 2-0 во сетови (6:3 и 7:5).