Македонскиот репрезентативец и во моментов најдобар наш кошаркар, Ненад Димитриевиќ „сам“ го победи Зенит .
Популарниот Нено, имаше брилијантна партија во петтиот полуфинален натпревар на ВТБ лигата, по кој неговиот тим Уникс Казан поведе со 3:2 во победи и го дели еден триумф оф финалето.
Димитриевиќ одигра „симултанка“ постигнувајќи речиси половина од поените на Казан. Неговиот ти м славеше со 78:63, а Нено постигна 32 поени, на кој придодаде по 6 скокови и асистенции.
Првата шанса за пласман в финалето, Нено и Уникс ќе ја имаат во сабота (29 април) и тоа на гостински терен во Санкт Петерсбург.
Потсетување дека во втората полуфинална пресметка играат московска ЦСКА предводена од нашиот тренер Елим Рајковиќ и тимот на Локомотив Кубан кој има предност од 3:2 во победи.