Фудбалската репрезентација на Македонија делата два часа до стартот на вториот меч во УЕФА Лигата на нациите. На гостувањето во Љубљана против Словенија, македонските репрезентативци ќе имаат голема поддршка од „Фалангата“.

Низ словенечкиот главен град, видно е присуството на најверните на македонски навивачи. Не само оние кои живеат во оваа европска земја, туку и од околните, но и оние најупорните кој од Македонија отпатуваа за Љубљана.

Избраниците на Седлоски ќе имаат гласна поддршка од македонските навивачи. Тоа треба да им биде дополнителен мотив за вечерашниот меч.

Воедно, македонските фудбалери се должни фудбалската јавност, особено очајниот натпревар одигран во Скопје против Швајцарија.

Вечерашниот дуел меѓу Словенија и Македонија ќе почне во терминот од 20.45 часот.