Ракометарите на Еурофарм Пелистер започнуваат новата сезона на европската сцена . Тие вечерва пред својата публика во Битола ја пречекуваат шпанската Ла Риоха во натпревар од ЕХФ Европската лига . 

Пелистерци и „Чкембари“ со нетрпение го очекуваат овој натпревар веќе подолго време, потенцира голманот Никола Митревски.

„Како за почеток на европската авантура доста време го чекавме овој натпревар. Најубавото во спортот во ракометот е полна сала и убави натпревари“.

Митревски очекува тежок натпревар, а верува дека пелистерци се подготвени за предизвикот. 

„Играат доста добро тактички, добро се технички потковани играчи, знаеме дека шпанските екипи се добро спремни. Работевме минатиов период и ние сме добро спремни да одговориме на сите нивни тактики. Очекувам добар натпревар од наша страна,  влегуваме на хартија како фаворит но тоа треба да се покаже на терен“. 

 

Митревски со апел публиката, како и досега да биде нивниот „осми играч“. 

„Да дојдат да не бодрат, да ја наполнат спортската сала „Боро Чурлевски“, да бидат како и секогаш наш осми играч. Без разлика во кои европски куп Пелистер настапува, навивачите секогаш се присутни на трибините, бидејќи ја имаме најдобрата навивачка група позади нас, а заедно сите да издвојуваме победа“, заклучи голманот на пелситерци Митревски.

Вчерашниот дуел меѓу Еурофарм Пелистер и Ла Риоха ќе почне во терминот од 20.45 часот.