Фудбалската репрезентација на македонија руши неславни рекорди. Деветти (9) натпревар во низа црвена жолтите не знаат за триумф.

До неодамна Македонија беше на прагот на учество на Светското првенство. Македонија живееше надеж дека конечно ќе биде од светската елита. Но, дојдоа промени, а со тоа дојдоа и промените во резултатите. Пред нецела година, новото раководство на ФФМ предводена од претседателот Масар Омерагиќ репи да направи промена на селекторското место. Благоја Милевски кој во два наврати нé донесе на еден-два натпревари од Мундијалот беше сменет со Гоце Седлоски.

Тогаш првиот човек на ФФМ нé убедуваше дека, репрезентацијата ќе има свежа крв и дека борбеноста ќе ја одликува.

„ Нашето мислење беше дека на репрезентацијата и е потребна нова енергија.

Затоа очекуваме дека со оваа промена ќе внесеме новитет и ќе ја искористиме шансата преку баражот да се пласираме на Мундијалот “,

изјави претседателот Омерагиќ при инаугурацијата на Седлоски за селектор.

Од тоа не видовме ама баш ништо. Напротив. Следуваа, разочарување по разочарување и така веќе шест натпревари во низа, со новите промени новиот селектор.

Ската игра едноставно, треба да се постигне барем еден гол повеќе од противникот, за да дојде и радоста за победата. Ние не само што не се израдувавме на триумф, туку шест (6) натпревари се немаме израдувано ниту на постигнат гол. На споменатите 6 дуели, македонските фудбалери само еднаш ги принудија противничките голмани да реагираат (синоќа против Словенија).

Затоа и не зачудуваат бројките. Ниту еден единствен постигнат гол дури тринаесет (13) примени. И не , не е проблемот во нашиот голман. Напротив, да не беше Столе Димитриевски таа бројка од 13: можеби досега ќе беше и 20…25…30….

Вчерашниот пораз Словенија нормално би било да се биде самокритичен. Но тоа во изјавите на селекторот него слушнавме.

„ Не е лесно да играме против силни селекции.

Поразот како пораз боли, а не постигнавме гол, создадовме многу шанси
и морам да ги пофалам момците.

И тие се тажни и јас, но за три дена имаме друг натпревар и мора да се подготвиме“,

изјави Седлоски по поразот од Словенија

Алиби изјавите од типот „подмладуваме – играме против силни репрезентации“, не само што се излитена фраза, туку и не држат вода, барем не во оваа констелација.

Ајде, може ќе ни тргне, на наредниот натпревар!!!

И сега нема да не изненади на наредната прес конференција селекторот повторно биде задоволен од што вели „нападачите“. Нормално и досега тој ќе очекува баш тогаш да им тргне.

Фудбалската македонска јавност со право е огорчена!!!

Но, Ова е Македонија. Овде ветувањата не важат ама баш ништо.

А одговорност!? Можеби на тоа некој ќе се „сети“, веројатно по следните два натпревари.

Во нив пак ќе мора да се стрпиме, колку голови ќе прмиме и Бога да молиме да постигнеме барем еден. А којзнае, ќе ни тргне, како што вели селекторот, можеби среќата ќе ни се насмее, ако не повеќе барем во следниот натпревар против Шкотска, на домашен терен во Скопје. За оној по наредниот, со Швајцарија на гости, веќе сме безнадежни.