Единствениот претставник на Македонија на Европското првенство во пливање што се одржувал во Париз, Никола Ѓуретановиќ денеска го имаше својот прв настап.
Младиот Ѓуретановиќ во квалификациите на 200 метри слободно, исплива време од 1:52,59 минути. Со овој резултат, Никола постави нов апсолутен македонски рекорд. Тој го собори 30 години стариот рекорд на легендарниот Александар Маленко.
Ѓуретановиќ го освои шестото место во својата група. Во вкупниот поредок на на крајот заврши на 70. место, во конкуренција на 90 пливачи.
Неговиот настап во Париз сепак не завршува тука. Македонскиот репрезентативен пливач во недела ќе настапи во дисциплината 400 метри слободен стил. Квалификациските трки започнуваат од 09:30 часот.































