Никола Ѓуретановиќ го заврши своето учлество на Европското првенство во пливање, што се одржувал во Париз.
Единствениот македонски претставник на овој шампионат денеска го имаше својот втор настап. Младиот Никола пливаше во квалификациите на 400 метри слободен стил.
Тој ќе настапи во втората група, и заврши како четврти пливајќи во време од 4:04.05 минути што е речиси за 7 секунди послабо од неговиот најдобар резултат. Во конечниот поредок Ѓуретановиќ го зазеде 30.место во конкуренција на 45 пливачи.
Претходно Никола настапи и во квалификациите на 200 метри слободно. Ѓуретановиќ оваа делница која ја исплива во време на нов македонски рекорд. Тој го собори 30 години стариот рекорд на Александар Маленко.

































