Третиот натпреварувачки ден на СП во пливање во кратки, 25 метарски базени што се одржува Будимпешта, Унгарија.
Денеска својот прв настап го имаше македонскиот олимпиец Никола Ѓуретановиќ.
Тој настапи во квалификациската трка на 400 мести слободно и исплива време од 3:53.05 минути, што беше доволно за 4.место во неговата група. Никола со ова време го собори досегашниот рекорд на Марко Блажевски (3:56.32) за неверојатни 3 секунди и 27 стотинки.
Во конечниот поредок, Ѓуретановиќ го 40-тото четвртото место во конкуренција на 49 пливачи колку настапија. Својот втор настап Никола ќе го има во сабота, во квалификациите на 800 метри слободно.
Утре пак втор пат на Мундијалот ќе настапи Јован Јанковски на 100 метри пеперутка. Настапот на македонските пливачи ќе го заокружи Сара Јанковиќ во недела во квалификациите на 200 метри слободно.