Единствениот Македонец на Европското првенство во пливање, што се одржувал во Париз, Никола Ѓуретановиќ денеска ќе го има својот втор настап.
Младиот Ѓуретановиќ ќе плива во квалификациите на 400 метри слободен стил. Тој ќе настапи во втората група, во која според пријавеното време 3:57.75 има најдобар резултат меѓу осуммината пријавени. Според стартната листа Никола ќе плива во четвртата патека, а стартот на трката е предвиден во 10 часот.
Претходно Никола настапи и во квалификациите на 200 метри слободно. Ѓуретановиќ оваа делница која ја исплива во време на нов македонски рекорд. Тој го собори 30 години стариот рекорд на Александар Маленко.



































