Машката кадетска репрезентација на Македонија го освои деветтото место на Европското првенство за ракометари до 19 години во Белград .
Младите македонски ракометари во последниот натпревар во Белград убедливо ја совладаа селекцијата на Израел со резултат 39-29.
Противникот во првиот дел имаше во неколку наврати и летири голови предмост, а на пауза замина со минимали 19-20. Македонските кадети одиграа совршено второ полувреме. Со цврста одбрана и фуриозен напад во продолжението, нашите надежи брзо направија целосен пресврт на теренот.
ајефикасни во македонскиот табор беа Горазд Дамчевски и Христијан Вујичевски, а одличен придонес даде и Стефан Ѓоргиевски. Овој триумф донесе реприза на високиот пласман и обезбеди директно учество на претстојното Светско кадетско првенство.
Избраниците на селекторот Горан Кузманоски кои во првата групна фаза играа со силните селекции на Словенија, Франција и Шведска, по трите порази, во продолжението остварија импресивна серија од пет победи.
Со тоа македонските кадети се изборија за ново учество во елитната конкуренција на Европскиот шампионат, но обезбедија и пласман на Светското првенство.

































