Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Шкендија мина во знакот на вицепрвакот од Тетово. Дуелот одигра во Скопје, заврши со победа на Шкендија со 2-0, а можеа тетовци да слават и многу поубедливо.

Во првиот дел вардарци беа оние кои најлесно ја имаа топката во свој посед и напаѓаа. Сепак тие напади беа јалови, а од нов може да се издвојат само обидете на Пулео во 13-тата минута, и на Родриго со глава. Тетовци пак само еднаш се заканија по вардаровиот гол, но и тоа не беше нешто посебно.

На стартот на вториот дел, гостинскиот тренер Положани направи три измени, а тоа веднаш донесе и резултат. Во 50-минута Нзенгуе одлично уфрли во вардаровиот шеснаесетник, а на Фабрис Тамба не му беше тешко да ја затресе мрежата, за водство на Шкендија од 0-1.

Сенегалецот, беше стрелец и на вториот гол во 76-тата минута за 2-0. Но претходно, а и по тој погодок, тетовци пропуштија најмалку 3-4 шанси да ја наполнат вардаровата мрежа.

По последниот свиреж на судијата Трпчевски, дојде и до поголема гужва на теренот меѓу повеќе играчи на двете екипи, па дисциплинската комисија на ФФМ допнително ќе има полни раце работа.

Во вториот денешен натпревар со кој беше заокружено ова коло, Скопје и Струга Т.Л. ги „поделија“ бодовите (1-1).

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање