Од готово направија вија вересија. Младите македонски ракометари на Македонија со пораз го почнаа настапот на Европскиот шампионат за играчи до 18 години.
Фантастично прво и очајно второ полувреме, одиграа избраниците на Горан Кузмановски, во дуелот со Словенија од која загубија со 30-33.
Црвено-жолтите во првиот дел постојано ја контролираа играта и резултатот. Имаа и најголеми +7 во два наврати. На полувреме Македонија замина со шест голови предност 18-12.
И наместо да продолжат во ист ритам, младите македонски ракометари, очајно го отворија вториот дел.
Му дозволија на противникот во 44.минута да ја анулираат негативата, а потоа да дојде и до два гола предност. Доцна се разбудија напите ракометари кои постојано ја бркаа негативата. Во 55.минута дојде израмнувањето 28-28. Имавме и напад за водство, но не го искористивме, а противникот го казни тоа со два гола. Тоа веќе не успеаја да го надополнат македонските јуниори, па наместо со победа, со пораз го стартуваа шампионатот.
Пропуштената шанса да ги впишеме првите бодови (два) е пропуштена. Имајќи ги в предвид следните противници, тоа ќе биде уште потешко. Утре (четврток) Македонија за противник ќе ја има Франција, а во недела ќе игра против Шведска.


































