Втората прволигашка „рунда“ го носи првото големо дерби, дуелот на двете најдобри екипи од минатата сезона во мак-фудбалот.
Попладнево на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, ќе се сретнат шампионот Вардар и вицепрвакот тетовска Шкендија.
Вардарци во овој меч влегуваат нешто по одморени и со подолго време за подготовка на натпреварот. По елиминацијата од европската сцена, пред 11 дена, скопските црвено-црни имаа доволно време да ги консолидираат редовите и да спремат тактика за дербито.
Тетовци од друга страна во овој дуел влегуваат само три дена по мечот со Хибернијан, во Конференциската лига, а пред реваншот со истиот тим веќе во четврток. И тоа не е единствената главоболка за тренерот Положани, кој за овој меч не ќе може да смета на неколкумина стандардни првотимци. Последниот во низата е и Спахиу.
Од двата табора истакнуваат дека победата во дербито е императив, па оттаму може да очекуваме борбен и офанзивен фудбал, во настојување да се дојде до трите бода.
Дербито Вардар – Шкендија ќе почне од 17 часот, термин во кој ќе се игра и натпреварот во Автокоманда меѓу Скопје и Струга Трим Лум.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|

































