Екипата на Шкендија остана наш претставник на евро-сцената. Тетовци утре ќе го играат реваншот против словенечката екипа на Браво.

Шкендија има гол негатива од првиот меч во Љубљана, каде иако прва поведе, сепак на крајот загуби со 1-2.

Она што тетовци ќе треба да го корегираат е ефикасноста вели тренерот Артим Положани.

„Ние ќе играме добро, а не реализираме, па играме лошо и реализираме.

Значи целата во пракса е дека треба да играме добро и да имаме финализација (резлизација).

Тоа ќе ни треба после и во иднина во еврокупови и во првенство“, изјави тренерот Положани.

Утрешниот натпреварот, Шкендија и Браво ќе го играат на арената „Тодор Проевски“, во терминот од 20 часот.