Од денес, најголемата спортска сала во Македонија, која функционира во рамки на СЦ „Борис Трајковски“, почнува да работи со ново име. Со нов визуелен идентитет и визија да биде водечка дестинација за најголемите музички, спортски и културни настани во земјата

„Т Арена“ е новото име на местото каде ќе се слават победи, ќе се пеат омилените песни и ќе се создаваат спомени што долго се паметат

Новата сезона започнува на 2 септември со концерт за сите граѓани, посветен на јубилејот 35 години независна Македонија.

Со почетокот на работата на „Т Арена“, преку програмата „Magenta Moments“ корисниците ќе добијат 20% попуст за користење на капацитетите во рамките на СЦ „Борис Трајковски“ и други поволности и искуства.