По четирите медали во борење, еден во бокс, денеска Македонија дојде до медал и во карате, на Медитеранските игри во Италија.
Матеј Белистојановски е шестиот македонски спортист што освоил медал и тоа златен.
Со четири победи во исто толку бпрби Белистојановски се закити со најсјајното одличје во категоријата -67 килограми.
Матеј во првата борба лесно го доби Алмасалех од Сирија со 6-1. Во втората борба беше подобар од домашниот натпреварувач, Италијанецот, Мареска со 2-0. Во полуфиналната борба до Гркот, Балиотис, нашиот каратист славеше со 5-1. Во борбата за златото, противник на Белистојановски беше Хрватот, Берак, кој Матеј го победи со 6-0.
За Македонија ова е прво злато на игрите, на кои досега освои, два сребрени и три бронзени медали, сите во индивидуалните, боречки спортови (карате, бокс и борење). Во колективните бевме далеку од конкурентни за воопшто и да се вмешаме во трка за медали

































