Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига стартуваше вчера со ефикасниот дуел во Кавадарци во кој беа постигнати шест гола. Тоа би требало да биде и добра најава за текот на првенството.
Денеска пак ќе се играат нови два натпревари од премиерното коло.
Во Скопје, шампионот Вардар ќе ја почне одбраната на титулата со дуелот против повратникот во прволигашката конкуренција штипска Брегалница. Овој натпревар за вардарци доаѓа меѓу двата дуели со Рига во Конференциската лига. Тренерот Фабијани ќе мора да размислува за трите бода против штипјани, но и реваншот во Рига за три дена.
И еден од конкурентите на Вардар за шампионската титула, тимот на Струга Трим Лум, сезоната ја отвора денеска пред својата публика. Стружани кои лани завршија трети, сигурно се меѓу четирите тима кои имаат амбиции за освојување на трофеите. Тие амбиции ќе треба да ги потврдат во дуелот со дебитантот во прволигашката конкуренција, арачиносвка Шкендија,
Двата натпревари ќе почнат во терминот од 17 часот.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|



































