Освојувачот на трофејот од ЕХФ Европскиот куп, тимот на Охрид ги полна подготовките за новата сезона.

Тренерот Борис Ројевиќ ја направи првата прозивка на ракометарите кои и во следната сезона имаат големи амбиции. За тоа потврдува и ангажманот на осуммината нови ракометари, кои беа на првата прозивка на Ројевиќ.

ФОТО: Фејсбук ГРК Охрид

Филип Талески, Мартин Карапалевски и Мартин Ивановски се новите македонски ракометари на ГРК Охрид. Нови странци во синиот дрес се: Шуичи Јошида, Доминик Мате, Адама Кеита, Никола Зечевиќ и Дино Славиќ.

Со овие засилувања, ако и дел ракометарите кои останаа во тимот, Охрид ќе атакува на трофеите во домашното првенство и Купот, како и во одбрана на трофејот во Европскиот куп.