Во Првата македонска фудбалска лига денеска ќе се играат два натпревари кои го затвораат единаесеттото коло.

Програмата ќе ја отворат екипите на Арсими и Брегалница со натпреварот што ќе започне во 12 часот..

Двата тима влегуваат во овој исклучително важен дуел со идентични десет бода на прволигашката табела. Домаќините досега забележаа две победи, додека гостите од Штип имаат три триумфи во досегашниот тек. Брегалница и Арсими се на 7-мата и 8-мата позиција со по 10 бода, што ги става веднаш над опасната зона каде што се Башкими (7) и Скопје (3). Нивниот меѓусебен дуел е класичен натпревар за спас и бегство од дното.

Потоа ќе се соочат екипите на Тиквеш и Башкими во натпреварот што ќе се игра во Кавадарци. Кавадарчани играат во одлична форма и се четврти, додека гостите доаѓаат со само две остварени победи. Тиквеш со 17 бода е на четвртото место и се обидува да фати приклучок со водечкото трип (Шкендија 24, Струга 23 и Вардар 21 бод.

Натпреварот во Кавардарци ќе започне во 14 часот.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање