Македонскиот првак Вардар со пораз го почна настапот на европската сцена.

Вардарци попладнево во Скопје се поразени од финскиот првак КуПС со 0-2 во првиот меч од првата квалификациска рунда за лигата на шампионите.

Финскиот тим кој веќе има осум одиграни првенствени натпревари и е прв на табелата, покажа дека е во натпреварувачка форма. За Вардар ова беше прв официјален натпревар во новата сезона. Затоа фудбалерите на КуПС во најголемиот дел го диктираа темпото на играта. Тие ја имаа и првата голема шанса кога во 19.минута Густав Енгвал биеше од косо , но Талески успешно одбрани.

Вардарци спорадично се обидуваа да гои загрозат противничкиот гол. Затоа пак гостите во судиското дополнение на првиот дел преку Магаса погодија за водство од 0-1.

По само пет минути игра во второто полувреме КуПС веќе ја удвои предноста. Фудбалерот од Гана, Боб Армах за водство од 0-2 за финскиот шампион. Тоа се покажа и како конечен резултат.

Раван натпреварот во Финска ќе се игра следниот вторник (14 јули) во терминот од 17 часот. Доколку Вардар не успее да ја мине оваа пречка, ќе продолжи во квалификациите за Конференциската лига (втора рунда). Потсетување дека во неа Македонија ќе има двајца претставници во првото квалификациско коло. Екипите на Силекс и Шкендија кои првите настапи ќе ги имаат во четврток, на гости.