ВАРДАР | КВАЛИФИКАЦИИ | ЛИГА ШАМПИОНИ

⚽⚽⚽ Македонскиот шампион Вардар го доби финскиот КуПС за противник во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Првиот натпревар вардарци ќе го одиграат на домашен терен во Скопје на 7 јули, додека реваншот во Финска е закажан за 14 јули.
⚽⚽⚽ Ако помине во 2.коло, ќе има статус на носител, а таму ќе игра натпревар со новиот првак на Азербејџан, Сабах, или ТНС од Велс.
Првиот натпревар Вардар би го играл на гости, а реваншот дома. Натпреварите од второто коло во Лига на шампиони се играат на 23 јули и 30 јули.
⚽⚽⚽ Доколку Вардар биде елиминиран од ЛШ, тогаш се сели во третото по ранг натпреварување на УЕФА. Во Конференциската лига (2.коло квалификации) Вардар ќе се судри со поразениот од соочувањето меѓу Рига од Летонија или Арарат-Ерменија од Ерменија. Црвено-црните во ова натпреварување првиот меч би го играле на домашен терен.
КВАЛИФИКАЦИИ ЛШ 1 КОЛО
07 јули | ВАРДАР – КуПС (Финска) 0-2
14 јули | КуПС (Финска) – ВАРДАР 2-3 прод. (0-2)





















