Селекциите на Франција и Мароко го формираа првиот пар за четвртфиналето на Светското фудбалско првенство.

Ова откако светскиoт вицешампион Франција ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Парагвај. На натпреварот осигурена во Филаделфија Триколорите едвај го скршија отпорот на Парагвајците и стигнаа до триумф од 1-0 .

Франција ја контролираше играта и поседот на топката, го диктираше темпото во текот на целиот натпреварот. Но, парагвајскиот тим успешно се спротивстави на нападите на противникот, потпирајќи се на дисциплинирана одбрана и одличниот голман Орландо Гил.

Како што времето минуваше, Французите напаѓаа сè посилно, а клучниот момент се случи во 65-тата минута. Дезире Дуе падна во шеснаесетникот по дуелот со противничкиот играч. Судијата Танташев прво не покажа на пенал, но неколку моменти подоцна доби повик од ВАР собата.

По деталниот преглед на видеото, судијата ја поништи својата првична одлука и досуди пенал за Франција. Килијан Мбапе ја презеде одговорноста и го реализира пеналот за водство и победа на Франција со 1-0.

Така Французите изборија пласман во четвртфиналето во кое за противник ќе ја имаат селекцијата на Мароко која беше подобра од Канада со 3-0.

Cup tree provided by Sofascore