Младинската репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките за Европскиот шампионат за ракометари до 20 години.
Како дел од овие подготовки нашите надежи денеска одиграа уште еден контролен натпревар. По двете победите над Алжир, избраниците на селекторот Игор Илиевски денеска ја совладаа Грција со 29:25.
Ова ќе биде претпоследен тест за младите македонски ракометари кои за три дена ќе „спарингуваат“ со Италија.
Потоа следува патувањето за Романија каде од 8 до 19 јули ќе се игра Европскиот шампионат. Македонија ја чека тешка задача бидејќи ја противници во групата ќе ги има силните репрезентации на Данска, Норвешка и Хрватска.




































