Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром забележа очекувана победа против екипата на Феникс во натпреварот со кој беше заокружено претпоследното коло во Првата машка кошаркарска лига.

На средбата одиграна во СЦ „Јане Сандански“ во која аеродромци ја имаа улогата на гости, освен почетните 2-0, се натаму сино-белите беа оние кои го контролираа резултатот, и на крајот заслужено славеа со 82-64 .

Кук и Крстевски  со  по 15 поени беа најефикасните играчи во победничката екипа за која Кафи и Абу  придодадоа  по 9 поени.

МЗТ е лидер на табелата, а таму ќе остане и по дербито од последното коло со Пелистер кој заостанува две победи, но она што е уште поважно за тимот од Аеродром е последниот меч во АБА лигата и дуелот против Сплит кој МЗТ мора да го добија за да ги задржи шансите за избегнување на последното место на табелата, а со тоа и преселба во АБА 2 лигата