Светскиот шампион Аргентина, со втората победа, си обезбеди пласман во нокаут фазата на Мундијалот.

Аргентинците ја совладаа Австралија со 2-0 во натпревар од 2.коло на Ј групата, Повторно централна фигура на натпреварот беше Лионел Меси кој ги постигна двата гола.

Уште на самиот почеток, светскиот шампион пропушти голем можност да го отвори резултатот. Во третата минута беше направен прекршок во шеснаесетникот на Австријците врз Лаутаро Мартинез. По долго чекање и прегледување на ВАР снимката, судијата Омар покажа на белата точка. Лионел Меси го изведе можеби најлошиот пенал во кариерата, па наместо во мрежата, биеше метар крај голот на Австријците.

Сепак, она што не му успеа на Меси во деветата, го надополни во 38 минута, кога на ефектен начин донесе водство на Гаучосите од 1-0.

Тој резултат беше актуелен се до самиот финиш на натпреварот. Имено се играше четвртатат минута од судиското продолжение, кога Меси втор пат ја затрсесе австриската мрежа.

Со оваа победа и 6 бодови, Аргентина е на врвот на табелата пред Австралија која остана на три.

Во вториот натпревар од оваа група ноќеска ќе играат Алжир и Јордан кои загубија во првото коло.

📅 👑 Ј група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови