Норвешка обезбеди место во нокаут фазата со победа од 3-2 против Сенегал во 2 коло од И групата на Мундијалот.

Маркус Педерсен го отвори резултатот во 43-тата минута и донесе водство за Норвежаните пред полувремето.

Ерлинг Халанд продолжи со блескавата форма и постигна голови во 48-мата и 58-мата минута за убедливо водство од 3-1. Халанд сега има четири гола на турнирот и е меѓу најистакнатите играчи на Светското првенство.

Головите за Сенегал го постигна фурбалерот на Кристал Палас, Исмаил Сар кој погоди во 53-тата минута и во третата минута од судиското продолжение.

Норвешка со овој триумф обезбеди пласман во втората фаза и ја продолжи успешната серија на настапи. Во последното коло Норвешка ќе игра против Франција за првото место во групата и полесен пат во елиминациите.

Французите беа убедливи против Ирак и славеа со 3-0, покажувајќи дека се сериозен противник за секоја селекција.

📅 👑 И група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови