СО натпреварот што се одигра утринава во Мексико Сити, а во кој Колумбија го победи Узбекистан, комплетирано е 1.коло на Светското првенство.
Дуелот од К групата заврши со триумф на фаворитот Колумбија со 3-1.
Во поголемиот дел од првото полувреме, мина во тврда игра без шанси. Најголемата ја имаше Луиз Дијаз во 33.минута кога ја погоди стативата. Упорноста на Колумбијците конечно вроди со плод четири минути подоцна кога Даниел Муњоз погоди за водство од 1-0.
Во вториот дел беше многу поефикасно, па беа постигнати уште три голови.
Узбекистан израмни преку Фајзулаев во 60-тсата минута. Но радоста на дебитантот на Мундијалите не траеше долго, бидејќи Луиз Дијаз во 65.минута пак донесе предност за Колумбија. Конечните 3-1 за јужноамериканската селекција ги постави Кампаз длабоко во судиското дополнение (90+).
Инаку во првиот натпревар од ова група ДР Конго ја изненади Португалија и одигра нерешено 1-1.

| 📅 | ⏰ | 👑 К група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|

































