Фудбалерите од Хрватска и Англија го одиграат натпревар во 1.коло од групата Л на Светското првенство. Супер интересен и ефикасен натпревар одиграа овие две селекции во Далас, САД.
Хари Кејн двапати и донесе предност на Англија, а Хрватите тоа го надополнуваа, а сепак, на крајот мечот заврши со триумф на Англичаните со 4-2.
А, четири гола беа постигнати во првото полувреме. Серијата ја отвори Хари Кејн, во 12.минута и тоа од пенал, што два пати го шутираше. Хрватите дојдоа до израмнување во 36-тата минута, кога Англичаните направија грешка. Сучиќ, одлично го проигра Батурина надвор од шеснаесетникот на Англија, а тој со прецизен удар израмни на 1-1.
Но, тој резултат не стоеше долго на семафорот. Веќе во во 42.минута, по одличниот корнер што го изведе Рајс, на вистинското место се најде Кејн и ја врати предноста н Англичаните, сега на 2-1. И тука не беше крај на голеадата во првиот дел. Се играше петата минута од дополнувањето (45+5) кога Перишиќ одлични го проигра Муса кој израмни на 2-2.
Ефикасноста продолжи и на страдот на вториот дел. Не минаа ниту две минути (47), а Белингам трет пат и донесе предност на Англија (3-2). Марјус Рашфорд со голот во 84.минута ја запечати судбината на Хрватите, а потврди зошто Англија е меѓу фаворитите за највисок пласман.

| 📅 | ⏰ | 👑 Л група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|

































