Осмиот ден од Светското фудбалско првенство носи нови четири дуели и тоа првите од 2.коло во групите А и Б.
Програмата ќе стартува во попладневниот термин од 18 часот кога во Атланта ќе играат Чешка и Јужна Африка. Ова е дуел од А групата во која дербито ќе се игра во 3 часот по полноќ, кога ко-домаќинот Мексико ќе се сретне со Јужна Кореја. Тоа е дуел на двете селекции кои во првото коло славеа триумфи, па вечерашниот победник ќе си обезбеди место во нокаут фазата.
| 📅 | ⏰ | А група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|

Многу поинтересно ќе биде во Б групата во која четирите репрезентации имаат по еден бод.
Натпреварот во Лос Анџелес меѓи БиХ и Швајцарија секако ќе биде во преден план, како европски дерби дуел. Босанците во првото коло имаат тешка задача со мотивираниот домаќин Канада, а Швајцарците „кикснаа“ во дуелот со Катар. Овој натпревар ќе се игра во терминот од 21 часот. На полноќ пак, е закажан почетокот на натпреварот Канада - Катар.
| 📅 | ⏰ | 👑 Б група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|

































