Машката денеска репрезентација на Македонија но обезбеди пласман во Втората светска зона на Дејвис купот.

Ова откако денеска македонските тенисери, во три меча беа подобри од Црна Гора со 2:1.

Во првиот меч во поединечно конкуренција, Калин Ивановски со 6-2 и 64 го совлада Кнежевиќ. Црногорците го израмнија со победата на Јовановиќ 0-2 во дуелот со Олег Приходко.

Во решавачкиот трет меч, македонскиот тандем беше подобар од црногорскиот со 2-0, и го заклучи дуелот со 2:1 во победи.

Со тоа македонските тенисери завршија како трето рангирани на турнирот чиј домаќин беше градот Кишињев. Пласман во Втората светска зона обезбедија и селекциите на Молдавија и Летонија