Вечерва на програмата на Светското фудбалското првенство во САД, Канада и Мексико ќе се играат нови четири натпревари.
Програмата што ќе трае до раните утрински часови ќе ја отворат Катар и Швајцарија. Тој натпревар ќе се игра во Сан Франциско во терминот од 21 часот, а е дел од Б групата.
Во неа вчеравечер Босна и Херцеговина и Канада одиграа без победник.
| 📅 | ⏰ | Б група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|
На полноќ прв пат на Мундијалот ќе го видиме Бразил секогаш еден од фаворите за титулата. Кариоките предводени од италијанскиот стратег Карло Анчелоти, ќе играат во Њујорк против незгодниот африкански тим на Мароко. Тоа е натпревар од Ц групата во која во вториот во Бостон во 3 часот по полноќ ќе се судрат Хаити и Шкотска.
| 📅 | ⏰ | 👑 Ц група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|
Во утринските часови, односно 6 по македонско време ќе се игра и дуелот од Д групата. Во Ванкувер, Канада, ќе се сретнат селекциите на Австралија и Турција.
Во оваа група ноќеска ко-домаќинот САД го декласира Парагвај.
| 📅 | ⏰ | 👑 Д група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|






























