Ееддн од ко-домаќчините на Светското првенство, репрезентација на САД убедливо го почна шампионатот.
Американците го победија Парагвај со 4-1 во Лос Анџелес во 1.коло од Д групата. Целата работа доминантната репрезентација ја заврши уште во првото полувреме во кое постигна три гола
Серијата почна во седмата минута кога по акцијата на Пулишиќ и Мекени, автогол си постигна Бобадиља. Потоа следуваа два гола на Фоларин Балогун во 31.минута и петата од судиското дополнение (45+5). Во вториот дел Парагвај преку Маурицио намали на 1-3, а коланите 4-1 ги постави Џовани Рејна (90+9).
Фоларин Балогун стана првиот Американец со два гола на еден натпревар на СП по Берт Патенауд (1930). Воедно САД првпат постигнаа 4 гола на еден натпревар на Мундијалите.
Во оваа група се селекциите на Австралија и Турција кои својот натпревар ќе го играат утре наутро во 6 часот.

| 📅 | ⏰ | 👑 Д група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|


































